Атмосфера за памтење во „Јане Сандански“: Историска четвртина, тројка со звук на сирена и на крајот победа (Видео)

МЗТ Скопје Аеродорм ја оствари целта а тоа е победа над Цибона во „Јане Сандански“. За македонскиот првак ова беше седма победа во 26 кола во АБА лигата, а утревечер ќе дознаеме дали е доволно да не биде последен на табелата. Борац Чачак треба да загуби во Подгорица од Будуќност, за МЗТ да остане претпоследен и да разигрува во плејаутот со тим од АБА 2 лигата.

Одлична беше атмосферата во „Јане Сандански“ во мечот кој имаше големо значење. Третата четвртина беше историска затоа што МЗТ успеа да постигне дури 30 поени, а прими само пет, па од двоцифрена негатива, аеродромци стигнаа до двоцифрена позитива.

Славеничка беше атмосферата во второто полувреме меѓу повеќе од 2.500 навивачи. Останува само оваа одлична атмосфера да продолжи и по трешнито меч во Будуќност и МЗТ потоа сам да решава за опстанок во елитното друштво, па Македонија и следната сезона да има свој претставник во ова натпреварување.

 

 

- Оглас -

Најнови вести