Бројот на македонски навивачи на вечерашниот дуел со Холандија од 18 часот во Краков, ќе биде значително поголем отколку на првиот со Норвешка, иако и тогаш Фалангата беше во одличен број и гласно ги поддржуваше ракометарите.
Нашинци од западниот и централниот дел на Европа ќе го искористат денешниот неделен ден за присуствуваат на ракометниот меч кој е важен за македонскиот национален тим. Има некои проценти дека на трибините на „Таурон арената“ ќе има дури 1.500 Македонци.
Низ центарот на полскиот град Краков веќе има раздвиженост на македонските фанови, а многумина од нив ќе заминат на загревање со пиво во пивницата која е официјална македонска фан-зона во Краков, по што ќе се упатат кон салата во која јасно е дека ќе доминираат црвената и жолтата боја.