Атомска кошарка во Мадрид и драматичен триумф за Реал против Париз

Кошаркарите на Реал славеа во Мадрид против Париз со 105-104 во неверојатно драматичен натпревар од Евролигата.

Фантастична кошарка беше прикажана во арената во Мадрид, а гостите му создадоа големи проблеми на Кралскиот клуб. Сепак, домаќинот повторно покажа зошто се вели дека има „девет животи“.

Дуелот започна добро за Париз, кој поведе по првите десет минути благодарение на расположениот Шортс, а средината на втората четвртина донесе пресврт, кога мадриѓаните се разбудија и го израмнија резултатот на полувремето.

Во третиот период се разигра и Хиф, па тимот на Тијаго Сплитер успеа да дојде и до двоцифрена предност, но Реал не се предаде. На почетокот на последната четвртина се случи ново израмнување и нов пресврт по серијата од 7-0 на Реал.

Во тие моменти одлично играше Хезоња, му се придружи и Муса, а со тројката на Кампацо домаќинот се одлепи на “плус 10” во однос на Париз.

Гостите успеаја да стигнат до неизвесна завршница и покрај значителното заостанување, со тројката на Хиф и поените на Ворд внесоа дополнителна нервоза кај домашните навивачи, кои по поените на Хезоња и Муса веќе ја гледаа победата на своите кошаркари.

Победата на крајот стигна, иако Хиф постигна тројка, таа не беше доволна да го загрози Реал.

Во домашниот тим посебно се истакна Марио Хезоња со 26 поени, а одличен беше и Муса со 20 поени. Двоцифрени беа и Фелис и Таварес со по 15, како и Ибака, кој додаде 11 поени.

За Париз, Шортс даде 24 поени и имаше дури 10 асистенции, додека Хиф и Вард беа одлични со 23, односно 18 поени.

- Оглас -

Најнови вести