„Атомската мравка“ по седум години се враќа во Серија А

Некогаш големата надеж на италијанскиот фудбал, Себастијан Џовинко, се враќа во Серија А. Џовинко нема играно во домашното првенство уште од 2015 година, кога реши да го напушти Јувентус и да заигра во САД.

Неколку години настапуваше за екипата на Торонто, а потоа замина во Саудиска Арабија, каде што ги бранеше боите на Ал-Хилал. Џовинко, чиј прекар е Атомската мравка, сега се враќа во Серија А, и тоа во дресот на Сампдорија.

Тој треба да биде засилување за екипата која има проблемите по повредите на Маноло Габијадини и ветеранот Фабио Квалјарела. Со доаѓањето на Џовинко, Сампдорија треба да добие во сигурност, искуство и квалитет во напаѓачката линија.

Џовинко е „дете“ на Јувентус. Дури девет години беше во младинските категории на клубот, а од 2006 до 2015 година беше дел од Старата дама. Како позајмен играч има играно и за Емполи и Парма. Во дресот на Јувентус има одиграно 132 натпревари, а беше дел и од италијанската репрезентација, кога во периодот од 2011 до 2015 година одигра 23 меча и постигна еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести