11.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Атомски фудбал на Ел Класико: Мбапе и Белингам обезбедија гол предност за Реал на полувреме

Големи возбудувања и три гола донесе првото полувреме од Ел Класико, мегадуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона на „Сантијаго Бернабеу“, по кое Кралевите заминаа на одмор со предност од 2-1.

Натпреварот започна бурно, уште во третата минута беше досуден пенал за Реал, но по интервенција на ВАР, судијата ја поништи одлуката бидејќи се покажа дека Винисиус направил прекршок над Јамал, а не обратно. Само неколку минути подоцна, во 12-тата, голот на Мбапе беше поништен поради минимален офсајд.

Сепак, во 22-та минута францускиот ас ја отвори серијата голови. По прецизна асистенција од Белингам, Мбапе стрелаше неодбранливо за водство на Реал Мадрид.

Барселона успеа да се врати во игра во 38-та минута, кога Лопез ја искористи грубата грешка на Арда Гулер и го израмни резултатот. Но радоста на каталонците траеше кратко. Во 43-тата минута Белингам одлично ја искористи асистенцијата на Милитао и повторно донесе предност за Реал.

Кралевите дури постигнаа и трет гол, но ВАР повторно реагираше – Мбапе беше во очигледна офсајд позиција, па резултатот на полувреме остана 2-1.

- Оглас -

Најнови вести