АТП подготвува револуција за 2025 година, се „елиминираат“ линиските судии

Асоцијацијата на професионални тениски играчи, објави дека од 2025 година на сите АТП турнири ќе се користи електронскиот линиски сигнал (ЕЛЦ лајв), напредна технологија која ги покрива сите линии на теренот, и ќе дава знак дали топчето паднало во поле или во аут.

Традиционално, досега тоа го правеа линиските судии. Судии и понатаму ќе има, но вака се исклучува можноста за човечка грешка. Тенисерите ја поддржале оваа историска иновативна одлука која го менува тенисот.

ЕЛЦ лајв првпат се испроба на завршниот АТП турнир во Милано во 2017 година, а се користеше често и за време на пандемијата од Ковид 19, кога на терените немаше линиски судии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести