Атрактивен Американец му се придружува на вториот тим на МЗТ Скопје (Видео)

Американскиот крилен кошаркар Роб Монтгомери, потпишал договор со МЗТ Скопје Уни банка, објавија од неговата менаџерска компанија. Од младите Штркови уште не ја официјализирале веста, но најверојатно вториот тим на МЗТ го добива својот прв странец во составот.

Монтгомери во Аеродром доаѓа од НЦАА лигата, играше за Универзитетот Централ Мичиген и беше стартер на сите мечеви во минатата сезона. Таму беше прв блокер, втор скокач, трети крадец и четврти стрелец во екипата. Просекот му беше 11,4 поени и 6,1 скока по меч, а добро се снаоѓа и во рекетот и во шутот од далечина, па ќе биде од помош за младиот тим на МЗТ.

Ова се најдобрите моменти на Монтгомери од минатата сезона:

- Оглас -

Најнови вести