Одбојкарската репрезентација на Македонија ќе игра во групата Ц заедно со селекциите на Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка и Данска на Европското првенство што ќе се игра идната година од 20 август до 6 септември, е одлучено на денешната ждрепка што се одржа во Неапол.
Полска е актуелен светски вицешампион од последниот одбојкарски мундијал што се одржа минатиот месец, а на последните две СП ја освојуваше титулата. Во групата Ц е и поранешниот олимписки шампион од 1996 година, селекцијата на Холандија.
Македонија е еден од организаторите на Европското првенство заедно со Италија, Бугарија и Израел и своите натпревари ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Како организатор, Македонија беше сместена во првиот шешир. Ова за одбојкарите ќе биде трето учество на Европско првенство, на премиерниот настап во 2019 година го освоија 17-тото место, а пред две години во Тампере не остварија ниту еден триумф и завршија на 23-тата позиција.
Група А: Италија, Швајцарија, Србија, Германија, Белгија, Естонија.
Брупа Б: Бугарија, Финска, Словенија, Украина, Хрватска, Шпанија.
Група Ц: Македонија, Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка, Данска.
Група Д: Израел, Романија, Франција, Турција, Португалија, Грција.
Во Неапол се одржа и ждрепката за женското Европско првенство што ќе се одржи од 15 август до 3 септември во четири земји, Италија, Германија, Естонија и Белгија.
Група А: Белгија, Словенија, Србија, Полска, Украина, Унгарија.
Група Б: Италија, Романија, Бугарија, Хрватска, БиХ, Швајцарија.
Група Ц: Германија, Азербејџан, Турција, Чешка, Шведска, Грција.
Група Д: Естонија, Финска, Холандија, Франција, Словачка, Шпанија.