Пет атрактивни дуели се дел од денешните Квоти на денот, а доколку ги одиграте сите понудени комбинации на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 59.5. Порто гостува кај Насионал и тука се очекува лесна победа на гостите. Порто треба да води на полувреме и на крајот да победи во меч на којшто ќе бидат постигнати барем два погодоци за да биде добитен коефициентот од 2.20.
Јувентус и Милан треба да одиграат дуел на кој двете екипи ќе постигнат барем по еден гол, а треба да има и погодок во првото полувреме за да се исполни условот за погодена квота од 2.40.
Голови се очекува да има и на стадионот „Местаља“ во Валенсија, каде што домашниот тим го пречекува Реал Мадрид. Тука опцијата е двата тима да постигнат гол и да има барем по еден погодок во двете полувремиња. Оваа комбинација се вреднува со 2.45.
Ница на свој терен не смее да загуби од Рен во меч на којшто нема да има повеќе од три гола, опција која има квота точно два.
Гимараиш е домаќин на Спортинг Лисабон и тука комбинациите се на голови, и тоа да има од еден до три погодоци во првиот дел, а на крајот да има барем 3+ голови. Оваа игра е со квота од 2.30.