9.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Атрактивната навивачка на Наполи веќе е подготвена за прослава на Скудетото (Видео)

Повеќе од 30 години Наполи чека да дојде до титулата во Серија А, а тоа може да се случи денеска. Тимот од југот на Италија има 17 бодови повеќе од второпласираниот Лацио на седум кола до крајот, па ако Наполи денеска слави над Салернитана на свој терен, а Лацио не го победи Интер во Милано, тогаш разликата ќе биде недостижна и шампионското славје во Неапол ќе може да започне.

Нестрплива е и најпознатата навивачка на Наполи, познатото ТВ лице, убавата Марика Фрушио, која веќе го подготвува стајлингот за прославата на титулата. Преку својот инстаграм профил, Марика се пофали дека веќе шета во боите на Наполи и дека е подготвена за прослава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marika Fruscio (@marikafruscio10)

 

- Оглас -

Најнови вести