Ацо Петровиќ си призна: Ги утнав сите прогнози за Евробаскетот

Поранешниот хрватски и бразилски селекто, Александар Петровиќ на „Твитер“ ги коментираше случувањата на Евробаскетот, а откако првенството дојде до четвртфинале, братот на Дражен Петровиќ призна дека ги утнал сите прогнози.

Според Ацо, Србија беше главен фаворит за златото, таа селекција блескаше до завчера, а тогаш им се случи крах против Италија.

„Од осумте осминафиналиња, за мене во седум имаше видливи победници. Тоа се: Словенија, Србија, Грција, Германија, Франција, Литванија и Хрватска. Дилемата ми е Украина или Полска, блага предност им давам на Украинците“, напиша тогаш Петровиќ.

Половина од овие прогнози не беа погодени, па и тој реши да се повлече од понатамошно коментирање на Евробаскетот.

„Со оглед дека се прогнозирав погрешно, време е да се одјавам од ЕП“, објави Петровиќ на „Твитер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести