Ау, каква ждрепка: Ќе има полуфинале Манчестер јунајтед – Манчестер сити

Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе го пречека градскиот ривал Манчестер сити, додека Лестер ќе игра против Астон вила во двата полуфинални дуели од Карабао купот на Англија. Во оваа фаза се играат два меча. Првиот ќе биде на 7 јануари, а реваншите се закажани за 27 јануари, на теренот на екипите кои ќе гостуваат во првите дуели. Финалето на Карабао купот ќе се игра на 24 февруари.

Манчестер јунајтед вечерва со 3:0 го победи Колчестер, Сити беше подобар на гости кај Оксфорд јунајтед со 3:1, а Лестер по подоброто изведување на пеналите, го елиминира Евертон (2:2 во регуларен дел). Синоќа Астон вила со 5:0 ги победи „децата“ на Ливерпул и се пласираше во полуфиналето.

Интересно е што Манчестер јунајтед само пред неколку дена го победи фаворизираниот Сити, и тоа на гости со 2:1 во дуел од Премиер лигата. Сега, за малку повеќе од еден месец, ќе гледаме нови два градски дерби-мечеви на Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести