Аубамејанг оздраве, ќе игра против Фулам

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Аубамејанг, навреме ја излечи настинката, па ќе се стави на располагање кај Унаи Емери за утрешниот дуел против Фулам во рамките од осмото коло во Премиер лигата.

Габонецот поради грип не патуваше со остатокот од тимот во четвртокот за Баку, каде „топчиите“ играа меч од Лигата на Европа против Карабах, но за малото лондонско дерби ќе биде подготвен, како и сите останати играчи од тимот.

Само Петр Чех недостасува во првиот тим, бидејќи искусниот голман се лечи од повреда на бутниот мускул, поради која ќе биде надвор од терените во следните три до четири седмици.

Натпреварот Фулам – Арсенал е закажан за утре, во терминот од 13 часот.

- Оглас -

Најнови вести