Аугсбург си направи златна позајмица од Фенербахче и има нов клупски рекордер (Фото)

Аугсбург забележа исклучително важна победа во премиерниот меч од 19. коло во Бундеслигата против Баер Леверкузен, а има и нов клупски рекордер.

Тоа е Мергим Бериша, стрелецот на единствениот гол вечерва на „ВВК арена“ во Аугсбург.

Бериша игра за Аугсбург како позајмен играч од Фенербахче и се покажува како златна позајмица за клубот од Баварија.

На последните шест меча што Аугсбург ги играше дома, 24-годишниот напаѓач учествуваше директно во шест гола, односно даде четири погодоци и има две асистенции, што е најдобар учинок во клупската историја.

Бериша беше стрелец и на претходниот меч што Аугсбург го доби со ист резултат 1:0 на домашен терен против Борусија Менхенгладбах, а има хет-трик на мечеви на кои ја погодува противничката мрежа.

Аугсбург по победата вечерва има 21 бод на 13. место и има пет бода повеќе од Бохум, кој е најдобар од трите клуба што се во зоната за испаѓање.

Баер остана на 24 бода и на деветтото место во Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести