Аугсбург ги изненади прогнозерите, сега сите навиваат за Борис да го освои „ајфонот 12“

Победата на Аугсбург против Штутгарт со 4:1 разочара дури 15 учесници на Спортска прогноза, кои до тој меч ги имаа погодено сите 9 одиграни натпревари во 11-то коло, па сега им остануваа да играат за утешните награди, ваучери од 1.000, или од 500 денари што ги доделува Sport Life.

Сепак ова коло ќе биде многу интересно и може да го донесе и првиот добитник на „ајфон 12“, а шанса да погоди Тринаесетка има Борис Т. кој досега ги погоди сите 10 натпревари.

Му останаа уште три меча, два се играат денеска меѓу Астон Вила и Вест хем и Рома против Милан и утрешниот дуел меѓу Вулверхемптон и Евертон.

На дуелот во Бирмингем потребно е реми за да се остане во трката за „ајфонот“ а Борис има прогнозирано дека Рома ќе го победи Милан и дека истото ќе го стори Вулверхемптон утре против Евертон.

Досега само еднаш, во првото коло од четвртата сезона имаше иста ситуација. Тогаш дури тројца прогнозери беа во игра за „ајфонот“, но на крајот погодија по 12 натпревари добија ваучери од 1.000 денари.

Сега Борис е во конкуренција да биде првиот добитник на „ајфон 12“ во бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

 

 

- Оглас -

Најнови вести