Аугсбург и Мец ја расипаа забавата на прогнозерите, тројца од нив чекаат ваучер од 1.000 денари и дури 30-мина се кандидати за 500-ка

Аугсбург и Мец ја расипаа забавата на прогнозерите во 11-тото коло и за малку побегна главната премија, „ајфон12“ на Спортска прогноза, но тука се вредните награди, ваучери од по 1.000 и 500 денари што ги доделува Sport Life.

Во игра за повредниот ваучер од 1.000 денари останаа тројца учесници во бесплатната игра на Спорт Манија и Sport Life и се чека исходот од последниот натпревар меѓу Вулверхемптон и Евертон што ќе се игра денеска од 21 часот.

По првото коло во оваа сезона, четврта по ред со Спортска прогноза, оваа рунда, 11-та по ред, беше најинтересна. Во еден момент имаше еден прогнозер со погодени 10 пара од 10 одиграни натпревари, но потоа дојдоа две утки по ред, па отпадна можноста за прв добитник на „ајфон12“.

Сега има тројца прогнозери со по 11 погодени натпревари од 12 и интересно е што никој не чека единица и победа на Волците против Евертон. Двајца од нив го промашија исходот на мечот меѓу Аугсбург и Штутгарт и ги изненади победата на домаќините од 4:1, а едниот ја утна „нулата“ на дуелот меѓу Мец и Сент Етјен.

Моника П. и Петар З. сега очекуваат победа на Карамелите од Ливерпул на гостувањето кај Вулверхемптон за да освојат вредни ваучери од по 1.000 денари, а Стефан Ш. се надева на реми на „Молињу“ за ваучер со истата вредност.

Дека прогнозерите беа одлични и малку фалеше за да се освои прекрасниот мобилен телефон, покажува податокот дека дури 30-мина имаат по 10 погодоци и се во трка за ваучери од 500 денари што ги доделува Sport Life.

Играта е бесплатна и станува сè помасовна, а сè што ви треба за да ѝ се приклучите на бројната армија прогнозери е да имате СЛ картичка од Sport Life.

Таа е лесно достапна, исто така бесплатна и во кус рок можете да ја добиете на сите обложувачки места на Sport Life.

 

 

- Оглас -

Најнови вести