Поведоа со смешен пенал и победуваат кога е најпотребно – Аугсбург стигна до прагот на опстанок во Бундеслигата (Видео)

Аугсбург ја забележа и втората победа на домашен терен во кус рок и е на прагот да обезбеди опстанок во Бундеслигата.

Вечерва на „ВВК арена“ го победи Мајнц со 2:1 и сега има шест бода повеќе од Арминија и Херта и дури 16 од отпишаниот Гројтер Фирт на шест кола до крајот на првенството.

Домаќините поведоа по големиот кикс на голманот на Мајнц, Сентнер, кој сакаше да дрибла, па откако му беше одземена топката направи фаул за пенал во 11-тата минута.

Погоди Гувелу, а потоа и Варгас во 56-тата минута за победа на Аугсбург, а Видмер израмни за Мајнц во 54-тата минута.

Киксот на голманот на Мајнц и голот од пенал на Гувелу можете да ги погледнете ОВДЕ.

Аугсбург во неделата славеше и против Волсфбург со 3:0 и само за три дена стигна на прагот на опстанок во најсилната лига во Германија.

И следниот меч, на 9 април ќе го играат во Баварија, но ќе му бидат гости на Баерн во Минхен во локалното дерби.

 

- Оглас -

Најнови вести