Аугсбург ја прекина лошата мини серија од два порази и успеа да ја победи Борусија Менхенгладбах со 2-1 на домашен терен во воведниот меч од новото коло во Бундеслигата. Тоа е втора победа за Аугсбург оваа сезона.
Кевен Шлотербек во 39-та минута донесе водство за Аугсбург, а Алексис Клод-Морис зголеми на 2-0 во 65-та минута.
Борусија Менхенгладбах постигна гол за надеж преку Тим Клиндинст, но немаше сили да стигне и до израмнување.