Интер го победи Комо со 2-0 во вечерашниот меч од италијанската Серија А. Со оваа победа, Интер дојде на три бода негатива зад водечката Аталанта, а актуелниот италијански првак има и одиграно еден меч помалку.
Карлос Аугусто во минатото коло против Лацио го постигна својот прв гол во дресот на Интер, вечерва во третата минута од второто полувреме Бразилецот беше јунак на Нераѕурите бидејќи по корнерот на Чалханоглу погоди со глава за 1-0 што беше клучен гол во оваа победа вредна три бода.
Точка стави Маркус Турам со гол во 92-ра минута.
Ова беше прв меѓусебен дуел на Интер и Комо по пауза од 21 година, а Комо кој е 16-ти на табелата, на ова гостување на „Џузепе Меаца“ дојде после серија од три кола по ред без пораз.