Аугсбург в сабота ќе биде без тренерот поради едно глупаво невнимание

Пред малку повеќе од два месеци, Хајко Херлих беше промовиран во тренер на Аугсбург, но поради прекинот на првенството поради пандемијата со корона-вирусот, стратегот немаше можност да дебитира за новиот клуб. Во изминативе 10-тина дена Херлих ги подготвуваше играчите за дуелот против Волфсбург в сабота, но стратегот направи еден непромислен потег и тоа ќе го чини повторно да не може да дебитира на клупата за новиот тим.

Во Германија беше договорено сите клубови да бидат во еднонеделен карантин и да не смее да се прекрши тоа правило. На денешната прес-конференција Херлих призна дека го прекршил карантинот.

„Направив глупава грешка и го напуштив хотелот. Дури иако ги почитував хигиенските мерки и кога одев и кога се враќав, не можам да одречам дека направив нешто што не требаше. Не се поставив како пример за својот тим во јавноста. Затоа и ќе ја преземам одговорноста. Поради грешката која ја направив, нема да можам да го водам тимот на утрешниот тренинг, а нема да бидам ниту на клупата на саботниот меч против Волфсбург“, откри Херлих, кој ќе ја чека наредната серија на тестирања за да се потврди дека не е позитивен на корона-вирусот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести