Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, ги негираше шпекулациите околу евентуалното враќање на Жозе Мурињо на „Џузепе Меаца“. Тој потврди дека клубот ќе продолжи да работи на проектот со Лучијано Спалети, иако „нероаѕурите“ засега имаат турбулентна сезона.
„Мурињо не може да биде сенка на Спалети. Не ме чуди што го поврзуваа со враќање кај нас, но ние работиме порационално од тоа. Веќе една и пол година работиме на проектот со Спалети, и ќе продолжиме да го градиме истиот уште многу години. Можем само да кажам дека напорно работиме да го вратиме клубот на победнички патеки и на врвот во Италија“, истакна Аусилио.
По 19 натпревари во Серија А, Интер го зазема третото место со 39 бода, пет помалку од Наполи и 14 бода заостаток зад лидерот Јувентус.