20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Стилот на Меси стана хит: Пет парчиња кои вкупно вредат околу 9.000 евра

Лионел Меси се врати во Аргентина и се приклучи на националниот тим за дуелите од квалификациите за Светско првенство. На 26 март, Аргентина ќе игра дома против Венецуела, а Гаучосите веќе имаат обезбедено место на завршницата.

Напаѓачот на ПСЖ не е познат како личност која привлекува големо внимание со својот аутфит, но овојпат беше поинаку. Меси го привлече вниманието со својот дуксер од модната марка Dsquared2, а и фармерките беа од истиот бренд.

Според пресметките кои ги направија, дуксерот чини 445 евра, а фармерките може да се најдат за цена од 590 евра. Патиките што ги носеше се од модниот бренд Dolce & Gabbana, а чинат 650 евра.

Посебен фокус беше на куферот што го носеше Меси. Се работи за куфер од марката Louis Vuitton и чини 3.900 евра. Ранецот што го носи е од истата марка, а неговата вредност е 2.900 евра. Едноставно, облеката која ја имаше на себе и куферите кои ги носеше Меси имаат вкупна вредност од околу 9.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести