Авиончето остана без керозин – Монтела не победил повеќе од една година

Винченцо Монтела ќе биде сменет во Фиорентина, без разлика дали ќе успее да избори опстанок со тимот во недела, во последното коло од Серија А, а во Фиренца се загрижени и за таков епилог.

И имаат за што да стравуваат бидејќи тренерот не се радувал на триумф против ниедна екипа повеќе од една година. И што е најинтересно, три бода Монтела како тренер за последен пат освои со Севилја, на 13 март 2018 година. Потоа следуваше серија од 9 меча без победа, па доби отказ, а и сега со Фиренца доживува нокаути на терените во Серија А и има црна серија од 7 меча без триумф.

Фиорентина може и со еден бод против Џенова на свој терен во недела да избори опстанок, но со пораз може и да испадне.

Популарното Авионче сигурно ќе си замине по завршувањето на сезоната, а двете последни авантури како тренер му се катастрофални.

- Оглас -

Најнови вести