Приватниот авион на Кристијано Роналдо, вреден околу 70 милиони евра, полета од Саудиска Арабија и слета во Мадрид ноќта помеѓу 2 и 3 март.
Не е познато дали 41-годишниот Португалец бил во авионот.
Има шпекулации дека фудбалската ѕвезда ја напушта земјата поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Ријад, градот каде што славниот фудбалер живее со својата партнерка и петте деца, беше нападнат од ирански бомби. Американската амбасада во Саудиска Арабија беше нападната со две беспилотни летала.

Роналдо, кој заработува околу 560.000 евра дневно во саудискиот клуб Ал-Наср, во 2024 година купи црн авион кој може да прими до 15 патници и има повеќе соби, вклучувајќи дневна соба со софи на расклопување, спална соба со брачен кревет и бања со туш. Авионот е персонализиран со неговото лого.

