16.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Авионот на Ливерпул доцнеше, Слот: „Ова не смее да биде изговор за нов пораз“

Ливерпул е во катастрофална серија од четири порази по ред во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, низа каква немале уште од 2016 година. „Црвените“ излез од кризата ќе бараат на незгодното гостување кај Ајнтрахт во Франкфурт, а дополнителен проблем за Ливерпул е доцнењето на авионот и слетувањето во Германија со големо одложување.

„Доценето на нашиот лет нема да влијае на нашата подготовка. Трениравме нормално на нашата база. Во други околности едноставно ќе слетавме порано во Франкфурт. Ова доцнење не може да биде изговор за претстојниот натпревар. Во нашиот тим има многу добри играчи и можам да се потпрам на секој од нив. Поради тоа сметам дека е нормално да има ротации кога имаме три натпревари во рок од седум дена.“ – рече Слот.

- Оглас -

Најнови вести