Авионот на Португалецот е во Торино, но не и Кристијано Роналдо

Приватниот авион на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо пристигна во Торино, но без играчот на Јувентус, кој уште е во Португалија. Авионот вчера имаше три забрани да полета од Мадрид, но конечно стигна во Фуншал, најголемиот град на островот Мадеира. Потоа замина за Торино, но Кристијано и семејството не биле во него, туку само тројца од штабот на Португалецот, кои ги носеле багажот и личните работи на Роналдо и неговите најблиски.

Самиот Роналдо наскоро треба да се појави во Торино, а уште не се знае дали тоа ќе се случи вечерва или утре. Фановите на Јуве со нетрпение го чекаат да дојде во Италија, исто како во јули 2018 година, кога потпиша за Старата дама.

Откако ќе се врати во Италија, Роналдо ќе мора да биде во 14-дневен карантин, а потоа ќе може им да се придружи на колегите од Јувентус на екипните тренинзи. Кристијано од 9 март е во родниот крај, замина веднаш по победата над Интер, со оправдување дека сака да ја види болната мајка, која беше оперирана. Но, наместо краток престој, тој остана таму речиси два месеца.

- Оглас -

Најнови вести