Аврамовиќ се прекрсти среде азискиот дел на Истанбул и му донесе победа на Партизан

Партизан второ коло по ред во кошаркарската Евролига победува истанбулски тим. По триумфот над Анадолу Ефес во Белград, вечерва Црно-белите како гости славеа над Фенербахче со 73-72.

Алекса Аврамовиќ со погодено слободно фрлање во финишот за 73-72, по кое се прекрсти во знак на благодарност до Господ, и Јоанис Папапетру, кој украде топка во последниот напад на Фенер, беа творци на триумфот.

Главна ѕвезда сепак беше тренерот Жељко Обрадовиќ, кој првпат по заминувањето во 2020 гостуваше против Фенер, клуб со кој во 2017 година ја освои евролигашката титула. Пред мечот, најтрофејниот европски тренер доби овации од фановите и подарок од клубот.

https://twitter.com/i/status/1605983391928569856

- Оглас -

Најнови вести