Австралиец го брани Ѓоковиќ: Смешно е дека лажирал повреда, имаше пукнатина од 3 сантиметри на задната ложа

Многумина се сомневаа дека победникот на Отвореното првенство на Австралија, Новак Ѓоковиќ, лажираше повреда на задниот дел на бутниот мускул на ногата на турнирот што го освои по десетти пат, но моќен демант стигна од директорот на турнирот, Крег Тили.

„Па тие шпекулации и обвинувања се смешни. Со мои очи ги видов рендгенските снимки, а тоа подобро од мене ќе го објаснат докторите. Многу предизвици мина Новак во последно време, а патот му отежнаа и нападите што се неосновани. Имаше атак на неговата репутација и тој ќе се бори со тоа, но за лажирање повреда воопшто не станува збор“, изјави Тили.

Директорот на турнирот додаде и дека таков атлет и тенисер на терените на Мелбурн парк нема да се повтори скоро.

„Мина низ пеколот за да оствари историски резултати на Отвореното првенство на Австралија. Освои рекордни 10 титули и за нас Австралијците, но и за целиот свет треба да биде спортски херој. Таков подвиг тешко ќе се повтори“, заврши Тили.

И Ѓоковиќ најави дека ќе ги објави медицинските документи, односно снимки кои ќе потврдат дека имал мака со задниот дел на бутниот мускул за време на турнирот.

 

- Оглас -

Најнови вести