Австралија го пушти, но САД нема шанси: Ѓоковиќ ќе ги пропушти Индијан Велс и Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ најверојатно нема да има шанса да игра на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами кои на програмата се во март. Ова ќе биде втора година во низа Србинот да не игра на овие два турнири, а причината е иста, немањето вакцина против корона-вирусот.

Американските власти ги продолжија строгите корона-мерки и ќе трајат намалку до 10 април, а според тие мерки, сите странци кои сакаат да влезат во САД, мора да имаат примено вакцина против корона-вирусот. Турнирот во Индијан Велс ќе стартува на 8 март, а тој во Мајами е закажан за 22 истиот месец.

Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Австралија, земјата која точно пред една година го депортираше затоа што Србинот нема примено вакцина против корона-вирусот. Сепак, сега австралиските власти ги олабавија мерките и на Новак му беше дозволен влез иако лани дури и судот му даде тригодишна забрана за влез во земјата и сега е дел од турнирот во Аделаида, што е како загревање за гренслемот во Мелбурн.

- Оглас -

Најнови вести