Тунис и Австралија во кус рок поведоа против Франција и Данска и бијат интересна битка за второто место во Д групата, што води во осминафиналето.
Легендата на најтрофејниот француски клуб Сент Етјен, Вахби Казри, го постигна првиот гол за Тунис на шампионатот против земјата во која е роден, Франција.
Казри е од Монпелје, каде што е роден, а погоди во 58-мата минута и во тој момент Тунис беше втор во групата.
https://twitter.com/2022_QatarWC/status/1597988221954457601?s=20&t=IqYWhv3jufKvDAEW2nUyIw
Тоа не траеше долго бидејќи Австралија поведе со голот на Леки во 60-тата минута против Данска и се врати на втората позиција со 6 бода, два повеќе од Тунис.
https://twitter.com/2022_QatarWC/status/1597989038434418689?s=20&t=IqYWhv3jufKvDAEW2nUyIw