Австралија му даде виза на Ѓоковиќ, но сè уште нема целосни гаранции дека тенисерот ќе настапи на првиот гренслем идната година

Австралиската влада и официјално му одобри влез на Новак Ѓоковиќ во земјата, но тоа сè уште не е гаранција дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на првиот гренслем во идната година.

Министерот за имиграција на Австралија, Ендрју Жил, му ја укина тригодишната забрана за влез во земјата на српскиот тенисер откако во јануари годинава беше депортиран по губењето на судскиот спор кој го покрена федералната влада бидејќи Ѓоковиќ во земјата влегол невакциниран против ковид-19 иако доставил потврда дека прележал корона-вирус.

Веста дека на Новак ќе му биде дозволено да игра на првиот гренслем сезонава беше објавена пред три дена, а потоа и Би-би-си објави дека Ѓоковиќ добил дозвола од Одделот за имиграција.

Сепак, работите сè уште не се сосема сигурни дека Ѓоковиќ ќе може да настапи во Мелбурн, австралиските власти официјално го укинаа условот странски државјанин кој влегува во земјата да мора да прими две или повеќе дози од вакцината против ковид-19. Сепак, на надлежните органи и понатаму им е оставено дискреционо право сами да одлучат дали сметаат дека некому треба да му биде забранет влезот од здравствени, безбедносни или други причини.

Австралиските медиуми објавуваат дека овојпат владата нема повторно да му прават проблеми на Ѓоковиќ, но во пракса сè уште имаат можност да му забранат влез во земјата.

- Оглас -

Најнови вести