Речиси половина од Австралијците сметаат дека Новак Ѓоковиќ не требало да добие дозвола да настапи на Отвореното првенство на Австралија, покажува истражувањето на весникот „Ејџ“.
Според анкетата, 41 отсто од учесниците во анкетата се против доаѓањето на Новак во Австралија, 30 отсто сметаат дека одлуката на новата влада да го помилува е исправна, додека 29 отсто „не се заинтересирани“ за случајот Ѓоковиќ.
Овие бројки не нешто подобри од тие од јануари годинава кога весникот исто така направи анкета. Тогаш дури 71 отсто од испитаниците одговориле дека Новак не треба да игра на Австралија опен, а само 14 отсто биле за.
Новак Ѓоковиќ на почетокот од годината беше депортиран од Австралија откако прво му беше укината визата бидејќи не бил вакциниран против коронавирус.
Покрај депортацијата, Ѓоковиќ доби и тригодишна забрана за влез во земјата, но новата влада му ја укина забраната, а исто така ги укина и строгите мерки за влез во земјата.
Новак веќе се наоѓа во Австралија и ќе настапи на турнирот во Аделаида како увертира за гренд слем турнирот во Мелбурн.
“Одлично е што се вратив во Австралија, тоа е земја во која имав многу успеси во кариерата, посебно во Мелбурн. Тоа е мојот убедливо најуспешен гренд слем турнир. Реакцијата на навивачите е нешто што не можам да го предвидам, но ќе направам сè што можам за да играм добар тенис и да ја израдувам публиката“, изјави Новак пред турнирот.