Официјално е потврдено, Новак Ѓоковиќ ќе ја предводи листата на тенисери кои од 29 декември до 5 јануари ќе играат на АТП 250 турнирот во Бризбејн.
Србинот, кој е седморангиран на АТП-листата во моментов, во Бризбејн играше само пред 15 години и не успеа да го освои турнирот кој добро ќе му дојде како подготовка за главниот јануарски предизвик, гранслемот Отвореното првенство на Австралија, кое почнува на 12 јануари.
Тоа ќе биде прво официјално појавување на Ѓоковиќ на теренот по финалето на Мастерсот во Шангај во средината на октомври.
Покрај Новак, својот настап во Бризбејн го потврдија ланскиот победник Григор Димитров, Холгер Руне, повратникот Ник Кирјос и уште многу солидни играчи кои се во топ 50.