15.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Австралискиот атлетичар со македонско потекло за 11 сантиметри не ги мина квалификациите во скок во далечина

Атлетскиот репрезентативецот на Австралија со македонски корени, Кристофер Митревски, денес го имаше својот настап во дисциплината скок во далечина на Летните олимписки игри во Париз.

Крис Митревски успеа да прескокне само 7.79 метри, што не беше доволно за влез во финалето во оваа атрактивна дисциплина. Тоа значеше и пласман на 18-тото место помеѓу 32-цата скокачи во далечина. За влез во финалето, односно за пласман барем на 12-тото потребни беа 7.90 метри, па на Митревски му недостигаа само 11 сантиметри.

Во квалификациите победи гркот, Митиадис Тентоглу, со резултат од 8.32 метри, а она што е интересно токму 8.32 е најдобриот резултат на Митревски и од него се очекуваше борба за медал на Олимпијадата со Париз.

- Оглас -

Најнови вести