Австрија има сериозни проблеми особено во дефанзивниот дел, а мали се шансите за настап на дуото од Бундеслигата, Давид Алаба и Мартин Хинтерегер, во Скопје, во понеделник против Македонија.
Алаба кој игра за Баерн на мечот со Словенија, вчера, што Австријците го добија со 1:0 беше заменет во самиот финиш, а има проблем со мускулот на ногата и неговиот настап во Скопје е неизвесен. Алаба е капитен на Австрија и ако не игра ќе биде голем удар за гостите и добра шанса за Македонија во бидот да се освојат бодовите.
Повредата на ребрата има стоперот Хинтерегер, кој е играч на Ајнтрахт Франкфурт и стандарден член на репрезентацијата на Австрија.
Слични маки има и нашиот селектор Игор Ангеловски, бидејќи нема да може да смета на Висар Муслиу, па ќе мора да менува на стоперската позиција. Муслиу доби црвен картон во финишот на вчерашниот меч со Полска, кој гостите го добија со 1:0.
На повреда се жали и десниот бек Стефан Ристовски, но тој веројатно ќе биде подготвен за настап.
Мечот меѓу Македонија и Австрија ќе се игра во понеделеник, на 10. јуни од 20.45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.