Австрија е опасна, но вечерва без муниција „пукаше“ кон Гордиот Албион (видео)

Англија го доби контролниот дуел против селекцијата на Австрија со минимални 1-0 и погодок на младиот Букајо Сака во 57-мата минута.

https://twitter.com/scoredgoalss/status/1400188451308421120

Вториот противник на Рисовите од групата Ц на претстојното ЕП се покажа во доста добро светло против еден од фаворитите на самото натпреварување, сепак на тимот на Франко Фода вечерва му недостасуваше завршница во Мидлсборо.

Австријците можеа и до подобар резултат, но две големи ситуации неискористи капитенот Сабицер при панични реакции на англиската одбрана, па подобрата статискита не се исплатеше по крајот на мечот.

Вечерва пријателски дуел одигра и Германија во ремито од 1-1 против Данска. Панцерите со нетрпение ги очекуваме на 11 октомври во Скопје во реваншот од мундијалските квалификации, откако Рисовите во март направија голема сензација и среде Дуисбург славеа победа од 2-1.

- Оглас -

Најнови вести