Австрија и Србија даваа евроголови, Белгија загуби од Украина (Видео)

Освен четвртфиналните натпревари од Лигата на нациите, се играа и бараж-дуелите за пласман во А и Б дивизијата. Во најинтересниот меч од овие баражи, Австрија и Србија ремизираа во меч на којшто беа постигнати два еврогола.

Грегорич во 37-мата минута ги донесе домашните во водство од 1-0, а конечните 1-1 ги постави Самарџиќ во 61-вата минута.

Еден од противниците на Македонија во квалификациите за Светското првенство, Белгија, неочекувано загуби од Украина со 3-1, додека нашиот јужен сосед беше совладан на домашен терен од Шкотска со 0-1.

Убава предност пред реваншот има Турција, која славеше над Унгарија со 3-1 пред својата публика.

Во квалификациите за влез во Б дивизијата, каде што ќе настапува и Македонија, најголемата предност ја имаат фудбалерите на Грузија, кои со 0-3 славеа на гостувањето кај Ерменија. Честа на домашните екипи ја спаси Косово со победата над Исланд од 2-1 во Приштина, а на гости победи и Ирска против Бугарија со 1-2. Без голови, 0-0, заврши мечот помеѓу Словачка и Словенија.

- Оглас -

Најнови вести