Репрезентацијата на Австрија е вистинска сензација на тековното Европско првенство кое се одржува во Германија. Откако одиграа нерешено со Хрватска, Австријците вечерва одиграа реми и со големата Шпанија, 33-33, што значи дека големиот фаворит е елиминиран, а Австрија продолжува во следната фаза и заедно со Хрватите пренесуваат по еден бод.
Шокантен пораз доживеа и домаќинот Германија од Франција со 33-30 и без бодови ќе стартува во втората фаза и борбата за пласман во полуфиналето. Французите иако имаа спор старт на првенството, одиграа дури и нерешено со Швајцарија, сепак продолжуваат како првопласирани, а ќе пренесат и два бода во втората фаза.
Репрезентацијата на Унгарија одличниот настап на Европското првенство го круниса со убедлива победа над Исланд од 33-25 и освоено прво место во групата, со што втората фаза и битката за пласман во полуфиналето ја стартуваат со максимални два бода.