Репрезентацијата на Австрија ја забележа најубелдивата победа во својата историја, откако со 10:0 славеше над Сан Марино на мечот одигран на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена. Ова беше дуел од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година.
Досега најубедливата победа на Австрија беше 9:0 над Малта во далечната 1977 година, а сега прв пат во повеќе од едновековното постоење на националниот тим на Австрија, постигнуваат двоцифрен број на голови во еден меч.
По првото полувреме беше 6:0, а интересно е дека имаше пет различни стрелци на погодок. Во вториот дел, свое шоу имаше ветеранот Марко Арнаутовиќ. Тој даде три гола во второто полувреме, а со еден погодок во првиот дел, на крајот застана на бројката од четири погодоци.
Австрија е лидер во својата група со максимални 15 бодови од пет меча, пред Босна и Херцеговина која има 15 бодови, но од шест средби. БиХ одигра 2:2 на гости кај Кипар, каде беше постигнат и најбизарниот погодок вечерва.
Убедлива беше и Данска која со 6:0 победи на гости кај Белорусија. Фарски острови покажаа сила и со убедливи 4:0 ја победи Црна Гора. Холандија рутински без многу мака со 4:0 победи на Малта.
Хрватска успеа да остане непоразена на гости кај Чешка и одигра без голови. За Коцкестите ова е прво реми во квалификациите, но и покрај тоа сигурно грабат кон завршницата на Мундијалот.
Шкотска со пресврт ја победи Грција со 3:1 и сега е во добра позиција да себори за пласман на Светско првенство.