Австријците се немилосрдни – Казахстанците ќе играат против Македонија, па веднаш ќе се вратат дома

Казахстанците ќе ни бидат последниот ривал пред настапот на ЕП, Македонија ќе игра со нив на 4 јуни во Скопје, но мисијата на гостите ќе остане половична.

Казахстанците планираа да одиграат и втор контролен меч, против Малта на 7 јуни во Волфсберг, Австрија, но не добија визи за влез и мечот е одложен, што значи дека по дуелот со Македонија се враќаат дома.

И покрај препораките на УЕФА, австриската амбасада не им издаде визи на членовите на фудбалската експедиција на Казахстан и нема да играат со Малта, втор меч во циклусот што го одреди УЕФА за пријателски натпревари.

Нашиот последен ривал пред историскиот настап на Македонија на ЕП треба да допатува утре во Скопје, а ќе минат долга дестинација од околу 3.600 километри, што е најкусата можна дестинација од Казахстан за Македонија.

Мечот ќе се игра задутре, на 4 јуни, од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести