Австријците тргнаа кон Букурешт, Хинтерегер пред пат вели: Македонците се опасни, знаат да те успијат, па да казнат со гол

Австријците се веќе на пат кон Букурешт, а имаат интересен план и за секој меч ќе летаат од својата база Зефелд до главниот град на Романија и до Амстердам, каде ќе играат со Холандија.

Пред летот за Букурешт, стоперот на австриската репрезентација Мартин Хинтерегер предупреди на првиот ривал, Македонија и вели дека може да биде многу незгоден ривал на 13. јуни во премиерниот меч на ЕП за двете селекции.

„Знаат да ја умртват играта и оддеднаш молскавично да ви организираат контра за гол. Ги победивме двапати во 2019 години, но Македонија многу ја смени и играта и резултатите. Ја победија Германија и ќе бидат многу опасни. Се надевам дека ќе ја избегнеме судбината од првиот меч против Унгарија на минатиот шампионат“, изјави Хинтерегер.

Играчот на Ајнтрахт Франкфурт е стандарден на својата позиција стопер во тимот на нашиот прв ривал на ЕП. Играше на двата меча против Македонија во 2019 година, што ги доби Австрија со 4:1 во Скопје и со 2:1 во Виена, а Мартин си постигна и автогол на првиот меч кај нас.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести