Австриски голгетер претепан во центарот на Виена, заврши на интензивна нега со сериозни повреди на главата

Искусниот австриски напаѓач Гвидо Бургшталер се здобил со тешки повреди на главата откако бил нападнат и претепан во центарот на Виена. Искусниот 35-годишен офанзивец бил нападнат во главниот град на Австрија, и тоа пред многубројни случајни минувачи.

Нападот го извршил непознат маж кој започнал да го удира Бургшталер. Фудбалерот паднал кога со главата директно удрил во асфалтот и ја скршил основата на черепот. Бургшталер веднаш бил пренесен во болница, каде што му биле извршени и дополнителни прегледи, а според информациите, во следните неколку дена ќе мора да биде на интензивна нега.

Според некои информации, за Бургшталер оваа фудбалска сезона веќе е завршена. Неговиот договор со Рапид му истекува на крајот од оваа сезона, а тој најавуваше дека ова ќе биде негова последна сезона, што значи дека 35-годишниот голгетер на неславен начин става крај на кариерата.

Бургшталер 26 меча има одиграно и во репрезентативниот дрес на Австрија, а има постигнато и два погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести