Австриски скијач направи нешто што не му успеало никому во историјата!

Матијас Маер е олимписки првак во супер-џи и со ова Австриецот стана прв маж во историјата на алпското скијање кој освоил злато на три различни Зимски олимписки игри по ред.

Маер беше олимписки првак во истата дисциплина и пред четири години во Пјеонгчанг, а во 2014 година во Сочи победи во спуст.

Искусниот Маер (31) во Пекинг ја одбрани титулата во супервелеслалом и само за 4 стотинки имаше подобро време од сребрениот Рајан Кохран-Сигл од САД, додека трет беше Александер Омот Килде од Норвешка.

За Маер, ова е втор медал на ЗОИ во Пекинг, откако го освои третото место во спуст.

- Оглас -

Најнови вести