Македонската ракометна репрезентација вечерва го игра клучниот меч од групната фаза на Европското првенство во Виена, а противник е домаќинот Австрија. И за Австријците дуелот е исклучително значаен бидејќи постои опција тие да бидат исфрлени и со четири бода, во зависност од резултатот и на дуелот Чешка – Украина.
Македонија против Австрија има одиграно четири меча досега и има 75 отсто успешност, односно победи на три средби. На првиот меч одигран во јуни 2012 година, Македонија во Скопје победи со 26:21, а седум дена подоцна на реваншот во Виена беше 30:27 за домаќините.
Следните два меча против Австрија сме ги играле во јануари и двапати сме победиле. На ЕП 2014 во Данска ги победивме со 22:21, а една година подоцна на СП во Доха беше 36:31 за Македонија. Сега, доволно е и победа од два гола.
Најголемата опасност од Австријците ќе доаѓа од бековските позиции. Никола Билик и Јанко Божовиќ се главните оружја во нападот. Билик е прв стрелец не само во австрискиот состав, туку на целиот турнир со 22 гола од 29 шута со одличен процент од 76 отсто реализација. Божовиќ даде 14 голови, што значи дека овие двајца имаат 36 погодоци од вкупно 66 на Австрија, што е повеќе од 50 отсто.
И порај тоа што дуелот се игра во Виена и тоа што Австрија има два врвни бека, Македонија со Кирил Лазаров и останатите има сили да победи денеска, а коефициентот за такво нешто е повеќе од примамлив во Sport Life.