26.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Автобус на Црвена ѕвезда излета од пат (Видео)

Во близина на градот Стара Пазова во Србија, од патот излета автобус со клупските облежја на Црвена ѕвезда и привлече внимание кај луѓето кои поминуваа од тука.

Станува збор за автобус со кој се возеле џудистите на Ѕвезда, а за среќа нема повредени, или не дај боже, загинати спортисти во инцидентот.

Интересно е дека се огласија од Џудо клубот Црвена ѕвезда и се пошегуваа дека одржале тренинг на отворено, со тоа што џудистите го туркале автобусот, со цел да го вратат на патот и да може да продолжат со патувањето кон Белград, каде се враќале од турнир во Нови Сад.

Инаку, возачот малку го утнал патот и во обид да се врати, со задните тркала отишол во тревата покрај патот и не можел да се врати на патот, па морале да помогнат џудистите.

- Оглас -

Најнови вести