Ќе ве насмее автоголот на Црепуља – Сакаше да расчисти, ефектно ја рогна во својата мрежа (Видео)

Љубан Црепуља, хрватскиот интернационалец во Астра Ѓурѓу си постигна ретко виден автогол, а ударот со кој сакаше да ја расчисти опасноста пред својот гол заврши во мрежата на домаќините.

https://twitter.com/AlecsStam/status/1307038754444632068?s=20

Шампионот на Романија, Клуж со ефектниот автогол на Хрватот поведе со 1:0 по првото полувреме на стадионот „Марин Анастасовичи“, а потоа со погодокот на Габриел Дебељух во второто полувреме ја потврди победата.

Астра не игра добро во новиот шампионат на Романија и го претрпе третиот пораз во четвртото коло, додека шампионот Клуж е лидер без пораз, со три победи и едно реми.

 

- Оглас -

Најнови вести