Автоголот во Кратово е еден од најголемите киксови во фудбалскиот викенд во Европа (Видео)

Срѓан Драшковиќ, стоперот на Силекс, немаше среќа и си постигна ефектен автогол, што го одбележа и викендот во Европа како еден од најголемите киксови на фудбалските натпревари.

Силекс водеше со 1:0 против Шкендија, но лидерот на табелата во македонското првенство израмни на необичен начин. По центаршутот од корнер во 41-вата минута, Драшковиќ не успеа навреме да реагира, топката го погоди во нога и заврши во мрежата на домаќините.

Sileks Kratovo 1-[1] Shkëndija – Srdjan Draskovic OG 41′ (North Macedonia league) from soccer

Шкендија потоа направи пресврт и со голот на репрезентативецот Љупче Дориев во 58-мата минута победи со 2:1 и се зацврсти на врвот на табелата со 42 бода, шест повеќе од Шкупи и 8 пред Македонија Ѓорче Петров.

 

- Оглас -

Најнови вести