37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

АЗ ќе му се реваншира на Зрињски за поразот, Жолтата подморница се буди

6025 ТСЦ – Вест хем (18.45 часот)

ТСЦ Бачка Топола сигурно ќе го освои последното четврто место во својата група во Лигата на Европа, додека Вест хем со победа најверојатно ќе го завери првото место бидејќи во последното коло пред своите гледачи ќе игра со конкурентот Фрајбург. На првиот меч, кој се играше во Лондон, Чеканите славеа со 3:1 и за очекување е и вечерва да дојдат до трите бода и да го потврдат пласманот во нокаут-фазата.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (1.97)

 

6030 Виљареал – Панатинаикос (21.00 часот)

Виљареал игра лошо сезонава, но со враќањето на Марселињо на клупата пред 16 дена, Жолтата подморница оствари две победи, во шпанскиот Кралски куп над Замора (2:1) и во Ла Лига против Осасуна (3:1). Панатинаикос во Шпанија доаѓа по поразот од Арис во грчкиот шампионат. Победа на Виљареал ќе значи сигурен пласман во нокаут-фазата бидејќи има два бода побеќе од Панатинаикос. Дополнителен мотив за Виљареал да триумфира е и поразот во Атина во првото коло од 2:0.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.20)

 

6733 Ајнтрахт – ПАОК (21.00 часот)

Ова е дуел на најдобрите екипи во групата во која е и тимот на Бојан Миовски, Абердин, и победникот повеќе од сигурно ќе го освои првото место во групата. Првиот дуел кој се играше во Солун заврши со тримф на ПАОК од 2:1, а интересно е што грчкиот тим на сите четири меча одигра ГГ и на сите даваше барем по два гола. Ајнтрахт на домашен терен во Лигата на конференции победи на двата меча кои беа ефикасни, 2:1 против Абердин и 6:0 против ХЈК Хелсинки.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.04)

 

6722 Бешикташ – Бриж (18.45 часот)

Турскиот тим иако во сезоната влезе со шампионски амбиции, освои само еден бод во првите четири кола и е последен во групата без шанси за освојување на второто место. Бриж, пак, има три победи и едно реми и е лидер на табелата со обезбеден пласман во нокаут-фазата. Бешикташ има обврска да игра на победа пред своите гледачи, но со оглед на слабата форма и лошата одбрана, за очекување е да има голови на овој меч.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.05)

 

6719 АЗ Алкмар – Зрињски (18.45 часот)

Зрињски приреди големо изненадување во првото коло во Лигата на конференции со победата од 4:3 над АЗ Алкмар, но потоа загуби на следните три меча. И холандскиот тим игра очајно, оствари само една победа досега, но мотивите се големи вечерва да се слави за да се реваншира за поразот во првото коло.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.03)

- Оглас -

Најнови вести