Азар: Дојдов во Реал Мадрид за да ја освојам Лигата на шампиони

Еден Азар за 100 милиони евра дојде од Челзи во Реал Мадрид, а досега во седум меча даде само еден гол, плус двапати асистираше за погодок. Тоа е премалку за играч од калибарот на Азар, кој сепак верува дека може да го исполни својот сон, а тоа е да ја освои Лигата на шампиони.

„Лигата на шампиони за мене е многу важна. Со Челзи само еднаш успеав да стигнам до полуфинале. Свесен сум дека не е лесно да се освои најсилното натпреварување, но во Реал дојдов за да го кренам токму тој трофеј“, рече Азар.

Само неколку дена пред да го реализира трансферот во Реал Мадрид, Азар со Челзи се израдува на трофејот во Лигата на Европа, што сепак е многу помалку вреден пехар од тој во Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести