Азар е мајстор, ги замолкна критичарите кои велеа дека е дебел (Видео)

Еден Азар го постигна својот прв гол во дресот на Реал Мадрид, а тој погодок во 19-тата минута на контролниот меч против Ред Бул Салцбург во Австрија, се покажа и како единствен на средбата. Контрата ја повлече Бензема, му додаде на Азар, кој во карактеристичен стил за него, успеа да погоди од 16-тина метри.

Азар беше критикуван дека има вишок килограми, дека не прикажува игри какви што се очекуваат од него, но како се ближи стартот на сезоната, тој веројатно ја крева формата, а првпат даде и гол во дресот на „кралскиот клуб“. Реал по подолго време не прими гол, Зинедин Зидан против Ред Бул извади состав со необична формација, им даде шанса да играат на Касемиро и Милитао, а по повредата се врати и Лука Јовиќ.

Ова е деби голот на Азар како играч на Реал:

https://twitter.com/i/status/1159152675109425152

- Оглас -

Најнови вести